
„Божиновска: Македонија поблизу до енергетска ефикасност преку Фондот на Светската банка“
Министерката
за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денес оствари
работна средба со претставници на Светската банка.
Во
фокусот на разговорите беа енергетската
ефикасност и заложбите на Македонија да постигне енергетска независност и трансформација
кон обновливи извори на енергија, како и
можностите и придобивките што ги нуди Фондот за енергетска ефикасност и соработката
со Светска банка на ова поле.
На
средбата, експертите за енергетика од Светската банка, Адитја Лукас, (Aditya
Lukas – task team leader, Senior Energy Specialist), Редон Беголи (Rhedon Begolli
dpt. Country Manager, energy specialist) и Иван Крофак (Ivan Krofak Energy
consultant), ја презентираа финансиската рамка на фондот за енергетска
ефикасност, потенцирајќи ги придобивките и значењето на овој фонд за
постигнување на целите на Македонија.
Претставниците
на Светската банка ја информираа министерката и за тековната имплементација на
проектите за енергетска ефикасност што се работат на ниво на државата и на ниво
на општините. Се разговараше и за можностите за идни проекти, а со цел
зајакнување на соработката и постигнување на посакуваните резултати.
На
средбата беше потврдена заложбата на Светската банка во континуитет да пружи
помош и финансиска, техничка и организациска поддршка од областа на
енергетиката, а со цел обезбедување брза зелената транзиција на македонскиот
енергетски сектор.
Учесниците
на состанокот уште еднаш ја потврдија досегашната одличната соработка и
заложбите за нејзино понатамошно продлабочување.
Светска банка,
соработувајќи со македонските институции, врши Систематската дијагностика за земјата
(Systematic Country Diagnostic) со цел да ги идентификува најкритичните
препреки и можности за да се промовира заеднички просперитет на одржлив начин.
