Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БОЖИНОВСКА: Македонија до 2030 со 15.000 зелени работни места, помали сметки за струја – зелени можности за соработка и со Германија
Економија

БОЖИНОВСКА: Македонија до 2030 со 15.000 зелени работни места, помали сметки за струја – зелени можности за соработка и со Германија

03/12/2024

AA

15 000 зелени работни места, 30 oтсто пониски сметки за струја и инвестиции од над 1 милијарда
евра, очекува Македонија до 2030 година – нови можности за соработка и со германски компании. Министерката Божиновска се
обрати на конференцијата за инфраструктура на обновливи извори на енергија,
организирана од АХК Северна Македонија.

Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денес се обрати на
отворањето на стручната конференција посветена на проширување на
инфраструктурата за обновливи извори на енергија во регионот, организирана од
АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските стопански комори.
Настанот претставува дел од делегациската посета на шест германски компании
специјализирани за иновативни решенија во енергетскиот сектор.

Во своето обраќање, министерката Божиновска ги претстави тековните и
планираните активности на Владата во насока на забрзување на енергетската
транзиција, вклучувајќи го и новиот Закон за енергетика кој стапува на сила во
2025 година. Таа нагласи дека Македонија бележи пораст на инвестициите во
обновливи извори на енергија, со посебен акцент на развојот на соларните и
ветерните капацитети, како и на проектите за складирање енергија.

„ Македонија е подготвена да го искористи својот потенцијал за обновливи
извори на енергија и да прерасне во регионален лидер во зелената транзиција.Трансформацијата
ќе генерира повеќе од 15 000 зелени работни места до
2030 година, во сектори како што се изградба, одржување и менаџирање на
обновливите капацитети
и во наредната деценија се очекуваат инвестиции
од над 1 милијарда евра
што ќе го поттикнат локалниот економски раст. Ќе се намалат трошоците за електрична енергија преку зголеменото
домашно производство и намалена зависност од увоз, домаќинствата и бизнисите ќе
имаат до 30% пониски сметки за електрична енергија
до 2030 година. Со реализирање на планираните проекти, Македонија ќе стане нето
извозник на електрична енергија, со потенцијал да генерира повеќе од 300
милиони евра годишно од извоз на обновлива енергија.“
истакна министерката Божиновска.

Конференцијата, на која присуствуваа повеќе од 80 претставници од
македонски и германски компании, понуди можност за директни деловни средби и
размена на искуства. Големиот интерес за настанот, укажува на растечката
важност на зелената енергија како фактор за привлекување на странски инвестиции
и регионална соработка.

„Германските инвеститори сè повеќе гледаат на зелениот енергетски
потенцијал како клучен елемент при донесувањето на одлуки за инвестирање.
Нашата цел е Северна Македонија да ја позиционираме како атрактивна и одржлива
дестинација за ваков тип инвестиции.“ додаде Антје Ванделт, директорка на АХК
Северна Македонија, Албанија и Косово.

Настанот претставува важен чекор кон зајакнување на партнерствата помеѓу
компаниите од Северна Македонија и Германија, создавајќи основа за понатамошна
размена на знаења и технологија во областа на обновливите извори на енергија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy