Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Божиновска – Лорковски: Енергетската иднина зависи од брзите реформи
Економија

Божиновска – Лорковски: Енергетската иднина зависи од брзите реформи

24/02/2025

AA

Министерката за
енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Скопје
се сретна со директорот на Секретаријатот
на Енергетската заедница, Артур Лорковски. Средбата
се одржа во пресрет на новите предизвици поврзани со усогласувањето на
националното законодавство со европските енергетски стандарди, понатамошната
интеграција на македонскиот енергетски пазар во регионалниот и европскиот пазар
и следните
чекори во реформите на енергетскиот сектор.

Министерката
Божиновска ја истакна посветеноста на земјата во усогласувањето на националните
енергетски политики со европските стандарди.

„Јасни правила
и предвидливост – тоа е клучно за стабилен и конкурентен енергетски сектор.
Работиме на законски решенија што ќе обезбедат сигурност за инвеститорите, ќе
го забрзаат процесот на енергетска транзиција и ќе гарантираат одржлив развој,“
истакна министерката Божиновска.

Министерката
Божиновска нагласи дека реформите во енергетскиот сектор се еден од врвните
приоритети на Министерството, Во тој контекст, информираше дека Предлог-законот
за енергетика беше поставен на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР),
овозможувајќи јавна консултација за неговото финализирање. Директорот Лорковски
изрази задоволство за транспарентноста на процесот

На средбата
беше потенцирана важноста на забрзаната имплементација на интеграцискиот пакет
за електрична енергија, што ќе овозможи подобра предвидливост на пазарот,
оптимизација на прекуграничните капацитети за пренос и стабилизирање на цените.

Директорот
Лорковски ја потврди посветеноста на Енергетската заедница во поддршката на
реформските процеси во земјата, нагласувајќи дека усогласувањето на
регулативите со ЕУ директивите е клучно за побрза интеграција на македонскиот
енергетски пазар во пошироките регионални и европски текови.

Министерството за енергетика останува посветено на реформите што ќе
донесат стабилност, развој и конкурентност во македонскиот енергетски сектор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy