Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Божиновска – Колумбија: Соларни паркови и ветерници за енергетска стабилност
Економија

Божиновска – Колумбија: Соларни паркови и ветерници за енергетска стабилност

24/01/2025

AA

Тековните активности и проекти кои се реализираат во земјава со поддршка на организациите на ОН беа тема на разговор на денешната средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска со постојаниот координатор на Обединетите нации во државава Рита Колумбија, при што беше нагласена одличната институционална соработка на сите нивоа.

Фокусот на дискусијата, информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, беше ставен на приоритетите во областа на зелената енергија, со акцент на развојот на обновливи извори и поддршката за проекти за енергетска ефикасност.

-Министерката Божиновска и Колумбија се согласија дека забрзувањето на инвестициите во соларни паркови, ветерни електрани и други зелени технологии е од суштинско значење за долгорочната енергетска стабилност на земјата и заштитата на животната средина. Исто така, беше истакнато значењето на националните приоритети во одржливиот развој и нивната усогласеност со глобалните стандарди, особено во контекст на Целите за одржлив развој и Националната развојна стратегија, соопшти Министерството.

Посебно внимание, се додава во соопштението, беше посветено на подготовките за големиот енергетски форум, кој ќе се одржи во Скопје во 2025 година под покровителство на Обединетите нации. 

-Форумот ќе ги обедини водечките глобални експерти, владини претставници и компании, со цел да се разменат најдобрите практики за правична енергетска транзиција и намалување на зависноста од фосилни горива. Оваа иницијатива е значајна можност за нашата земја да се позиционира како регионален лидер во примената на обновливи извори на енергија, велат од Министерството.

Министерката Божиновска, нагласуваат, ја нагласи подготвеноста на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини да ги засили напорите за реализација на стратешки зелени проекти, при што ја изрази својата благодарност за постојаната поддршка од Обединетите нации, која е клучен двигател за одржлив развој и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

На крајот од средбата, министерката Божиновска и Колумбија ја потврдија подготвеноста за зајакнување на соработката и на техничко ниво помеѓу агенциите на ОН и Министерството, со цел реализација на проекти од кои директна придобивка ќе имаат граѓаните.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy