Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БОЖИНОВСКА: Ja поздравувам одлуката на РКЕ за минимално покачување на цената на електричната енергија
Економија

БОЖИНОВСКА: Ja поздравувам одлуката на РКЕ за минимално покачување на цената на електричната енергија

18/12/2024

AA

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања
Божиновска ја поздравува одлуката и одговорниот пристап на Регулаторната комисија за
енергетика, која како независно тело, донесе одлука за минимално, односно
незначително, покачување на цената на електричната енергија за домаќинствата. 

Посебно е задоволна заради минималното покачување од 0,68 отсто за првиот блок на
потрошувачи, кои сочинуваат скоро 80 отсто од вкупниот број на домаќинства. Исто
така за поздравување е и тоа што просечно покачување е од незначителни 0,92 отсто на
цената на електричната енергија за домаќинствата.

„Оваа
одлука секако е резултат на посветената соработка помеѓу Министерството за
енергетика, рударство и минерални суровини, АД ЕСМ – најголемиот производител
на електрична енергија во државата, и останатите компании од енергетскиот
сектор. Со заеднички напори успеавме да обезбедиме стабилно снабдување со
електрична енергија и одржување на ценовната стабилност, дури и во услови на
глобални енергетски предизвици. На тој начин помагаме на животниот стандард на
граѓаните. Посветеноста
на АД ЕСМ кон ефикасното управување со ресурсите претставува клучен фактор за
овој успех. Во изминатиот период со сериозен и одговорен пристап значително ги
подобривме работните процеси во енергетските капацитите во насока на намалување
на трошоците,  што има значаен допринос
кон одржување на ценовната стабилност, но и сигурност и стабилност на
енергетскиот систем на нашата земја. Наследивме неповолни договори од минатото,
големи долгови, неподготвени енергетски капацитети и други неповолни состојби
кои успешно ги решаваме“, вели Божиновска. 

Како
Министерство, остануваат фокусирани на развој и имплементација на долгорочни
стратегии, како и зголемување на домашното производство на електрична енергија
што ќе придонесе за ценовна стабилност. Велат дека се среќни што првичните видливи резултати, граѓаните ќе ги почувствуваат.

Претседателот на регулаторната комисија за енергетика,Марко Бислимовски, денеска објави дека крајната цена за домаќинствата од страна на универзалниот снабдувач од 1 јануари 2025 ќе се зголеми минимално за 0,92 отсто.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy