Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Божиновска и македонска делегација во Тушимице: Како Чешка ги модернизира своите термоелектрани?
Економија

Божиновска и македонска делегација во Тушимице: Како Чешка ги модернизира своите термоелектрани?

10/03/2025

AA

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со
претставници од Министерството, делегација од ЕСМ и македонски новинарски
екипи, оствари посета на термоелектраната Тушимице во Чешка. Оваа
термоелектрана, лоцирана во близина на градот Кадан, е една од најголемите во
земјата и има инсталиран капацитет од 800 MW, со четири генерациски единици од
по 200 MW.

За време на посетата, делегацијата беше запознаена со процесите на
ископување, преработка и согорување на лигнит, кој се добива од локалните рудници
Наступ-Тушимице и се транспортира директно до котларницата преку лентов
транспортер.

Претставниците на
термоелектраната ги презентираа технологиите кои се користат за зголемување на
ефикасноста и намалување на емисиите, вклучувајќи и модернизацијата спроведена
во периодот 2007–2011 година, со цел продолжување на работниот век и подобрување
на еколошките перформанси.

Министерката Божиновска ја истакна важноста на ваквите посети за размена
на искуства и најдобри практики во енергетскиот сектор, особено во контекст на
енергетската транзиција и интеграцијата на обновливите извори на енергија. Таа
ја нагласи потребата од примена на напредни технологии за намалување на
емисиите и зголемување на енергетската ефикасност во термоелектраните во
Македонија.

Претставниците на ЕСМ изразија интерес за соработка со чешките
колеги во областа на модернизација на постоечките капацитети и имплементација
на иновативни решенија за производство на електрична енергија. Новинарските
екипи имаа можност директно да се запознаат со функционирањето на
термоелектраната, што ќе придонесе за подобро информирање на јавноста за
предизвиците и можностите во енергетскиот сектор.

Во периодот од
2007 до 2012 година, Тушимице II беше целосно обновена, што ѝ овозможува работа
според најновите европски стандарди до приближно 2035 година, кога се очекува
исцрпување на рудникот Либоуш. Ефикасноста на електраната беше зголемена за 6
%, што резултира со заштеда на 14 % од горивото по произведен MWh. Надградената
постројка овозможува согорување на јаглен со понизок квалитет од рудникот
Либоуш во иднина.

Опремата за
десулфуризација на издувните гасови (FGD), изградена во периодот 1994–1997,
исто така беше надградена и сега ги исполнува најстрогите стандарди за емисии
по 2016 година. Намалувањето на штетните емисии е значително:

Во јуни 2024
година беше објавено дека владата ја одобрила идната санација на рудникот преку
негово потопување. Ќе биде создаден резервоар за вода Либоуш по завршувањето на
ископувањата во Наступ Тушимице во регионот Хомутов. Според информациите,
ископувањето на јаглен би требало да престане во периодот меѓу 2030 и 2040
година.

Оваа посета претставува значаен чекор кон зајакнување на билатералната
соработка меѓу Македонија и Чешка во енергетската област, со цел постигнување
на одржлив и сигурен енергетски систем.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy