
„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена – Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “
Министерката заенергетика, рударство и минерални суровини
Сања Божиновска, оствари средба со претставници на
Германската амбасада во Република Македонија. На средбата се разговараше за
продлабочување на билатералната соработка во областа на енергетската транзиција
и справувањето со климатските предизвици.
Во текот на средбата, министерката
Божиновска доби официјална покана која беше доставена од страна на
преставниците на Германската амбасада, за учество на 11-тиот Берлински дијалог
за енергетска транзиција (Berlin Energy Transition Dialogue – BETD), кој ќе се
одржи на 18 и 19 март 2025 година во Берлин. Поканата е упатена од страна на
министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, и министерот за
економија и климатска акција, Роберт Хабек.

Оваа покана има особено значење за нашата
земја и претставува значајно признание за напорите на Министерството за
енергетика, рударство и минерални суровини и министерката Божиновска во областа
на енергетската транзиција. Министерката Божиновска ќе е единствен претставник
од Република Македонија.
Берлинскиот дијалог за енергетска
транзиција е водечки меѓународен форум кој ги обединува високи претставници од
политиката, индустријата, науката и граѓанското општество за размена на идеи и
решенија за глобалната енергетска транзиција. Учеството на министерката
Божиновска ќе овозможи претставување на македонските напори и достигнувања,
како и создавање нови можности за соработка со меѓународни партнери.

