Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Божиновска до младите инжинери: Нашата земја има потреба од вашето знаење, мора да создадеме можности што ќе ви се предизвик
Економија

Божиновска до младите инжинери: Нашата земја има потреба од вашето знаење, мора да создадеме можности што ќе ви се предизвик

24/12/2024

AA

Министерството
за енергетика, рударство и минерални суровини и Факултетот за електротехника и
информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во
Скопје потпишаа Меморандум за соработка, со кој се зајакнува врската меѓу
образованието, науката и индустријата во областа на енергетиката и новите
технологии.

Меморандумот
го потпишаа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања
Божиновска, и деканот на ФЕИТ, проф. д-р Владимир Атанасовски.

Оваа
соработка има за цел да поттикне иновативни истражувања, развој на нови
технологии и едукација на висококвалификувани кадри, кои ќе придонесат кон
одржливи енергетски решенија и економски развој на земјата.

„ Овој
меморандум ја потврдува нашата заедничка цел – да ги поддржиме младите инженери
и да ја зајакнеме врската меѓу науката, образованието и индустријата.Заедно ќе
работиме на проекти кои ќе ја унапредат енергетската ефикасност и ќе создадат
нови можности за нашите млади инженери,“ изјави министерката Божиновска.

Деканот
на ФЕИТ, проф. д-р Атанасовски, истакна дека оваа соработка ќе овозможи на
студентите и истражувачите пристап до реални проекти и ќе ги подготви за
предизвиците на современата енергетска индустрија.

По
потпишувањето, министерката и деканот одржаа академски час со студентите на
ФЕИТ, при што се разговараше за предизвиците и можностите за развојот на
младите инженери и иновации во енергетскиот сектор. Министерката им порача на
студентите дека Владата е посветена на создавање услови за нивно професионално
реализирање дома.

„Нашата
цел е јасна – да ви понудиме работа која ќе биде вистински предизвик за вашето
знаење и креативност, за да останете тука и да придонесете за својата земја.
Сигурна сум дека токму од вас, од вашите идеи и ентузијазам, ќе произлезат
иновации кои ќе го обликуваат енергетскиот сектор во Македонија,“ рече
Божиновска.

Деканот
Ташковски нагласи дека меморандумот ќе им овозможи на студентите да стекнат
уникатно искуство преку практикантска работа и вклучување во проекти од
национално значење. Со ова партнерство, Министерството и ФЕИТ испраќаат јасна
порака дека вложувањето во образованието и науката е клучно за обезбедување на
одржлива и просперитетна енергетска иднина за Македонија.

„Ова е
партнерство кое ги инспирира идните генерации инженери и отвора нови можности
за академијата, индустријата и општеството,“
заклучи
Божиновска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy