Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Божиновска бара да се зголеми надоместокот од концесија за рудниците
Економија

Божиновска бара да се зголеми надоместокот од концесија за рудниците

20/12/2024

AA

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска пред медиумите брифираше дека побарала од Генералниот секретаријат на Владата да го зголеми надоместокот за концесија за рудниците и сепарациите.

Надоместокот во моментов е премал и не се наплаќа ефикасно, додека концесионерите кои вршат експлоатација имаат солидни приходи и добивки. Летоска и самиот Државен завод за ревизија констатира дека од концесија за доделување на површини за екслоатација на руда, државата во периодот од 2018 до 2022 наплатила само 45 милиони евра. Иако компании прават огромни профити од експлоатација на квалитетен мермер во Македонија, од тоа се наплатени само 1,7 милиони евра за отстапување на националниот ресурс во период од овие четири години.

– Во моментов надоместокот што го наплаќа државата е само 2 проценти од вкупниот приход на операторот, а освен тоа нема ни ефикасна контрола на наплата.  Од она што го испитавме, во регионот најмалата наплата е 4 отсто, што значи дека ние сме „најевтините“.

За експлоатација на мермер,во зависно од квалитетот, треба да се наплаќа кај нас од 3.000 до 17.000 денари по тон. При тоа, како може сите да го наплаќаат само најмалиот надоместок по 3.000 денари од тон за државата.

Затоа упатив предлог решение до Генералниот секретаријат да се донесе нова одлука како акт. Иако има реакции од компаниите, свесни сме дека 2 отсто е мал процент и мора да се зголеми барем за нешто повеќе, рече Божиновска пред медиумите.

Министерката најави дека, заради подобра наплата, ќе се преиспитува и површината што се експлоатира. Поради тоа министерството ќе направи набавка за шест нови возила со кои ќе се оди на терен. Покрај тоа, во соработка со Рударскиот факултет во Штип ќе се позајмат дронови со кои подобро „ќе се скенира теренот“.

Според ДЗР, висината на надоместоците за користење на простор кои се определени во државата е многу мала, а исто така и наплатата на надоместоците за експлоатирани количини е многу ниска во однос на реалните пазарни цени кои потоа ги наметнуваат концесионерите и од кои добиваат огромни добивки.

„За вршење на експлоатација на минерални суровини за периодот 2018 – 2022 година, наплатени се вкупно 2.781.024 илјади денари (околу 45 милиони евра ) концесиски надоместоци од кои: 287.307 илјади денари (околу 4,6 милиони евра ) надоместок за користење на простор, 2.487.581 илјади денари (околу 40,2 милиони) евра надоместок за експлоатирана количина на минерална суровина и 6.136 илјади денари по основ на камата по двата основи“,заклучи државниот ревизор пред извесно време.

Остварените надоместоци во корист на државата од експлоатација на најквалитетниот мермер во износ од 103.248 илјади денари или 1,7 милиони евра за период од 2018 – 2022 година претставуваат 1 отсто од остварените приходи од продажба на концесионерот

Во овој четиригодишен период дури 19 милиони евра од вкупната сума била наплатена со задоцнување во однос на законски утврдениот рок. Според испитувањето што го направил ДЗР, двајца концесионери експлоатирале минерални суровине на 9.989 метри квадратни дива површина која не била регулирана, односно ограничена со договорите.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy