
БОСАНСКИОТ БУРЕК СЕГА СЕ ПРОДАВА ВО НАЈГОЛЕМИОТ СИНЏИР НА МАРКЕТИ ВО СВЕТОТ: „Ти благодариме Един за партнерството“
Босанскиот бурек, едно од омилените јадења на целиот Балкан,
сега може да се купи во некои центри на најголемиот трговски синџир во светот –
американскиот Walmart.
Од големиот продажен центар Волмарт во Гранд Рапидс, во
американската сојузна држава Мичиген, најавија дека ќе продаваат замрзнат бурек
произведен од Босанци.
– Со гордост објавуваме дека сега ги имаме замрзнатите
производи на Бурек! Чест ни е да ги поддржуваме локалните бизниси и да ги
задоволиме потребите на нашата босанска заедница. Ти благодариме Един за
партнерството – изјавија на социјалните мрежи од овој продажен центар.

