Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Босански министер: БиХ ќе биде членка на НАТО, нема многу да се прашуваат политичари со негативна реторика
Регион

Босански министер: БиХ ќе биде членка на НАТО, нема многу да се прашуваат политичари со негативна реторика

07/04/2023

AA

Босанските власти сакаат државата да влезе во НАТО, но лидерот на босанските Срби, Милорад Додик е против. 

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина (БиХ), Зукан Хелез оцени дека неговата земја сигурно ќе стане членка на НАТО, а дека политичарите од Република Српска кои не го сакаат овој процес нема да успеат да го блокираат. Тој за сараевско Ослобоџење кажа дека во НАТО постои цврста одлука дека БиХ треба да стане членка.

„Луѓето од НАТО се спремни да помогнат БиХ што побрзо да се прими во Алијансата. Нема многу да се прашуваат овие политичари кои влечат на страна, кои имаат негативна реторика. Тие можат само да зборуваат, а ние ја работиме својата работа и БиХ ќе биде членка на НАТО“, кажа Хелез.

Објасни дека за првпат по повеќе години во буџетот за 2023 година е предвидено зголемување на трошоците за војската во износ од околу 45 милиони евра.

На зголемувањето на трошоците за одбрана  остро се противеа политичарите од Република Српска, а претседателот на тој ентитет Милорад Додик е најгласен противник на секое приближување на БиХ на членство во НАТО.

Додик инсистира дека БиХ мора да остане воено неутрална. Тој изјави дека РС ќе стане независна држава, бидејќи Босна и Херцеговина не може да биде дел од регионалните иницијативи, како што е „Отворен Балкан“.

Додик рече дека „Отворен Балкан“ е добра иницијатива, но дека Босна и Херцеговина не мисли така. Има најави дека и Црна Гора може да се приклучи на иницијативата. Финска деновиве стана 31-та членка на НАТО. Оваа одлука ја налути Русија. 

foto EPA

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Скопје се збогува со легендата: Стотици граѓани и колеги му

30/06/2026
Македонија

Вучиќ и Сиљановска-Давкова разговараа за регионалната соработка и стабилност

30/06/2026
Македонија

Мицкоски: Клековски е нов миистер за здравство, Велковски од заменик

30/06/2026
Македонија

11 изгасени пожари, 2 уште активни!

30/06/2026
Македонија

ЗНАМ добива ново министерство во владината реконструкција, Минчев останува на

30/06/2026
Македонија

Може ли да се живее од 100 кошници? Пчеларите откриваат

30/06/2026
Македонија

Седум лица приведени од вкупно 11 пријави за семејно насилство

30/06/2026
Македонија

Над 1,5 милијарди денари дополнителна поддршка за земјоделците и водостопанството

30/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44063
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Скопје се збогува со легендата: Стотици граѓани и колеги му оддаваат последна почит на Владо

30/06/2026

Платото пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ вечерва е место на тага, спомени и неизмерна почит. Стотици граѓани, обожаватели и колеги

Вучиќ и Сиљановска-Давкова разговараа за регионалната соработка и стабилност

30/06/2026

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, остварил телефонски разговор со претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, при што двајцата соговорници

Мицкоски: Клековски е нов миистер за здравство, Велковски од заменик станува министер, Перински оди во

30/06/2026

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва на прес-конференција ги соопшти кадровските промени во Владата, во рамки на реконструкцијата на владиниот состав. Промените

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy