Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Босански министер: БиХ ќе биде членка на НАТО, нема многу да се прашуваат политичари со негативна реторика
Регион

Босански министер: БиХ ќе биде членка на НАТО, нема многу да се прашуваат политичари со негативна реторика

07/04/2023

AA

Босанските власти сакаат државата да влезе во НАТО, но лидерот на босанските Срби, Милорад Додик е против. 

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина (БиХ), Зукан Хелез оцени дека неговата земја сигурно ќе стане членка на НАТО, а дека политичарите од Република Српска кои не го сакаат овој процес нема да успеат да го блокираат. Тој за сараевско Ослобоџење кажа дека во НАТО постои цврста одлука дека БиХ треба да стане членка.

„Луѓето од НАТО се спремни да помогнат БиХ што побрзо да се прими во Алијансата. Нема многу да се прашуваат овие политичари кои влечат на страна, кои имаат негативна реторика. Тие можат само да зборуваат, а ние ја работиме својата работа и БиХ ќе биде членка на НАТО“, кажа Хелез.

Објасни дека за првпат по повеќе години во буџетот за 2023 година е предвидено зголемување на трошоците за војската во износ од околу 45 милиони евра.

На зголемувањето на трошоците за одбрана  остро се противеа политичарите од Република Српска, а претседателот на тој ентитет Милорад Додик е најгласен противник на секое приближување на БиХ на членство во НАТО.

Додик инсистира дека БиХ мора да остане воено неутрална. Тој изјави дека РС ќе стане независна држава, бидејќи Босна и Херцеговина не може да биде дел од регионалните иницијативи, како што е „Отворен Балкан“.

Додик рече дека „Отворен Балкан“ е добра иницијатива, но дека Босна и Херцеговина не мисли така. Има најави дека и Црна Гора може да се приклучи на иницијативата. Финска деновиве стана 31-та членка на НАТО. Оваа одлука ја налути Русија. 

foto EPA

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy