
Босанка си ја побарала платата пред да даде отказ, по што газдата на хотелот ја претепал
Вработена во хотел во Босна и Херцеговина(БиХ) си ја побарала последната плата пред да даде отказ, a сопственикот ја нападнал.
Повеќе здруженија од Мостар, Јабланица и Сараево најавија масовни протести во Јабланица. Протестите се одржуваат во знак на поддршка за Ениса Клепо, вработена во хотелот „Јабланица“. Сопственикот на хотелот Амир Џафиќ ја нападнал откако ја побарала последната плата. Протестот е и во знак на поддршка за сите жени кои се жртви на насилство, пишува Кликс.
