
Босанец се разнесе со бомба и ја повреди сопругата
Маж во босанскиот град Тузла се разнесе со бомба, тешко ја повреди сопругата, а во куќата била и ќерката.
Тој загинал на лице место, а сопругата се здобила со тешки телесни повреди. Ќерката не е повредена при експлозијата. Инцидентот се случил во населбата Молуки.
Портпаролот на полициската управа на МУП на кантонот Тузла, Аднана Спречиќ, изјави дека околу 7:55 часот утринава од Оперативниот центар го известиле дека Експлозивна направа е активирана на подот од куќа во населбата Молуки во Тузла.
Таа вели дека поради сомневањата дека на местото на настанот има повеќе експлозивни направи увидот се прави темелно. Повредената жена е пренесена во Универзитетскиот клинички центар во Тузла. По масакрите во Србија, месецов имаше серија инциденти со насилство во регионот.
Вчера во Рума, младо момче пукаше со ракетен фрлач.
foto RTVTK
