
Борусија го доби дербито со Лајпциг – барем до утре ќе биде осамена на врвот (ВИДЕО)
Домаќините уште во 13. минута дадоа гол преку Бранд, но ВАР го поништи погодокот поради играње со рака.
Сепак само осум минути подоцна Марко Ројс од пенал донесе водство за Борусија Дортмунд од 1-0.
На пет минути до крајот на првиот дел погоди и Емре Џан за зголемување на водството на Дортмунд од 2-0.
Во второто полувреме Лајцпиг преку Форсберг успеа само да го намали водството на протидникот на 2-1, што беше и конечен резултат.
Дортмунд е прв со 49 бодови, Баерн има три помалку, но Баварците утре го играат својот меч од ова коло, му гостуваат на Штутгарт.