Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Борел на средба со лидерите на Западен Балкан во вторник во Њујорк
Македонија

Борел на средба со лидерите на Западен Балкан во вторник во Њујорк

19/09/2023

AA

Шефот на европската дипломатија Џузепе Борељ на 19 септември во Њујорк ќе се сретне со лидерите на Западен Балкан.

Тие ќе разговараат на традиционална средба на маргините на 78. сесија на Генералното собрание на ОН, соопшти Европската служба за надворешни работи.

Предвидено е Борељ да го посети Њујорк, каде што ќе престојува до 22 септември, за да учествува на повеќе мултилатерални настани на високо ниво, како и билатерални средби во рамки на 78. сесија на Генералното собрание на ОН.

Борељ, заедно со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска треба да ја претстави Европската унија на трилатерален состанок со Африканската унија и ОН, а потоа ќе се сретне и со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

Европската унија соопшти дека утре, 18 септември, Борељ ќе копретседава и со состанок посветен на мировниот процес на Блискиот Исток, заедно со претставници на Саудиска Арабија, Лигата на арапските држави, Египет и Јордан.

Истиот ден, високиот претставник Борељ ќе претседава со неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, а потоа ќе присуствува и на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7.

Исто така, шефот на европската дипломатија, заедно со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе присуствуваат на отворањето на генералната дебата на 19 септември, а потоа ќе се сретне со лидерите на Западен Балкан на традиционална средба на маргините на Генералното собрание.

Во среда, 20 септември, Борељ ќе копретседава со 13-от министерски состанок на Глобалниот форум за борба против тероризмот, чиј домаќин се Европската Унија и Египет. Тој попладне ќе учествува на министерскиот состанок на Ад-хок Комитетот за врски за Палестина, чиј домаќин е Норвешка.

Во четврток, на 21 септември, Борељ ќе присуствува на вечерата на министрите за надворешни работи на трансатлантските земји, чиј домаќин ќе биде американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ

29/09/2026
Македонија

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката

29/09/2026
Македонија

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок

29/09/2026
Македонија

СЕ ОТВОРА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Наскоро ќе се отвори

29/09/2026
Македонија

7 ПОЛЈАЦИ СО ЧЕТИРИЦИКЛИ УПАДНАЛЕ ВО ВОЕНИ МАГАЦИНИ ВО ТЕТОВО

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45871
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy