Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Борел: Македонскиот како еден од официјалните јазици во ЕУ е реалност
Македонија

Борел: Македонскиот како еден од официјалните јазици во ЕУ е реалност

17/03/2023

AA

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска имаше средба со Жозеп Борел, висок претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија. На средбата присуствуваа и потпретседателите на Собранието, Горан Мисовски и Хусни Исмаили, координаторите на пратеничките групи во Собранието, Јован Митрески и Арбер Адеми, заменик-координаторите Дафина Стојановска и Халил Снопче, претставниците на помалите партии во Собранието, Сафије Садики Шаини, Бастри Бајрами и Антонијо Милошоски, член на НСЕИ, соопшти собраниската прес-служба.

Џафери изрази задоволство за реализацијата на посетата и динамиката на одржување на средби со претставници на Унијата, изразувајќи особена благодарност за нејзината финансиска помош наменета за справување со последиците од пандемиската, енергетската и економската криза. Истовремено, беше нагласена нашата подготвеност за продолжување со континуираното и целосно усогласување со надворешната, безбедносната и одбранбената политика на ЕУ, вклучително и во однос на случувањата во Украина. Тој го изнесе своето видување за актуелната политичка ситуација, тековните собраниски активности и информираше за нашиот придонес во рамки на нашето претседавање со ОБСЕ и ПСЈИЕ оваа година, за унапредување на нивните утврдени цели и вредности.

Борел ги поздрави заедничките позиции на политичките чинители во изминатите децении за европската перспектива на земјата и за добросостојбата на нејзините граѓани. Осврнувајќи се на изминатите циклуси на проширувања и искуството на неговата земја, Борел нагласи дека процесот на проширување е најдоброто нешто што секоја од денешните земји членки го направила за просперитет и за мир на европскиот континент.

Случувањата во Украина беа посочени како двигател за забрзување на проширувањето и историскиот момент, кој пружа исклучителна шанса што не треба да се пропушти.

– Потпишувањето на Договорот со Фронтекс е непобитна реалност и гаранција за македонскиот јазик како еден од официјалните јазици на Европската унија, изјави Борел.

Во однос на Собранието во тој процес, Борел истакна дека неговата улога е од исклучително значење, заради фактот што неговите претставници доаѓаат по избор на граѓаните. Пораките кои беа упатени до соговорниците се однесуваа на потребата од поголема координација меѓу власта и опозицијата и нивно заедничко делување заради државните интереси. Беше издвоено значењето и улогата на Комисијата за европски прашања, како и измените кои треба да се внесат во Деловникот за работа на Собранието за овозможување на непречено донесување на потребното европско законодавство до стапувањето во членство во Унијата.

Присутните од страна на Собранието, искажаа различни видувања за евроинтеграциите, од кои голем дел беа за поддршка на претстојните уставни измени, но беа искажани и стравови за можни следни барања од страна на Република Бугарија во овој процес. Во таа насока, беше информирано и за ниската поддршка на граѓаните на последните анкети за зачленувањето во ЕУ заради барањата на Бугарија и беа побарани гаранции овој процес да се води според принципите и стандардите од изминатите проширувања на Унијата, се наведува во соопштението од собраниската прес-служба.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време

08/11/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА

08/11/2026
Македонија

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор

08/11/2026
Македонија

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од

08/11/2026
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46660
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време и утринска магла

08/11/2026

Времето в понеделник, 9 ноември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часо пви и во текот на

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА Во бугарски подкаст рече и

08/11/2026

Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, се појави со својот адвокат во подкастот на бугарскиот новинар

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор на Торакална

08/11/2026

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy