
Бонучи: Мегваер е пример кој треба да го следат другите фудбалери!
Мегваер го крена своето ниво и игра подобро во изминатите месеци и за „ѓаволите“ и за англиската репрезентација, откако претходно добиваше жестоки критики од навивачите.
„Според мене, Мегваер е пример кој треба да го следат другите фудбалери. По сите напади кои мораше да ги преживее, сè уште игра за Јунајтед и за Англија. Тоа покажува дека има силен карактер. Мегваер е цврст фудбалер“, кажа Бонучи.