
Бомбата на вардарецот Асани е гол на рундата во квалификациите за ЕП (ВИДЕО)
Тој беше стрелец на првиот погодок во триумфот над Полјаците и тоа со вистинска бомба од десната страна, кој, пак, беше прогласен за најспектакуларен гол за цела квалификациска рунда од страна на УЕФА.
Асани во моментов е член на корејскиот Гвангжу, за Вардар играше во периодот помеѓу 2013 и 2017 година, а пред да заигра за албанската селекција играше за младинските селекции на Македонија.
