
Бомба во најава: Мурињо на клупата на Фенербахче?
Наскоро треба да се одржат претседателски избори во овој клуб, а двајцата најсериозни кандидати, во својата кампања го спомнаа токму Мурињо како главен фаворит за тренерската позиција. Едниот е актуелниот претседател Али Коч, а противкандидат му е Азиз Јилдирим. Наводно, двајцата веќе го контактирале Мурињо, а на португалскиот стручњак му се допаднале понудите кои ги добил и нема против да го преземе турскиот тим.
Интерес за него има и од саудискиот Ал Шабаб, но лани изјави дека не би сакал да работи во таа лига.