Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БОЛКАТА ГИ ОБЕДИНИ КОЧАНИ И КРАН-МOНТАНА: Семејствата на жртвите од пожарот во „Пулс“ со трогателна поддршка за настраданите во Швајцарија
Македонија

БОЛКАТА ГИ ОБЕДИНИ КОЧАНИ И КРАН-МOНТАНА: Семејствата на жртвите од пожарот во „Пулс“ со трогателна поддршка за настраданите во Швајцарија

01/01/2026

AA

Трагедијата во швајцарскиот зимски центар Кран-Монтана, каде во пожар загинаа најмалку 40 лица, предизвика силен бран на емпатија и солидарност во Македонија.

Најпотресната порака пристигна од Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“, кое ги обединува семејствата на настраданите во пожарот во објектот „Пулс“ во Кочани.

Членовите на здружението, кои и самите ја поминаа голготата на ненадејно губење на своите најмили во огнена стихија, упатија писмо со сочувство до Швајцарската амбасада. Тие велат дека веста за несреќата ги вратила во денот кога нивните животи засекогаш се поделиле на „пред“ и „по“.

„Знаеме што значи ненадејно да ти се урне светот. Знаеме како боли кога ќе остане празно столче и кога тишината зборува погласно од зборовите. Од срце сме со вас — не како набљудувачи, туку како луѓе кои ја носат истата рана“, стои во емотивното обраќање.

Во моменти кога швајцарските власти работат на тешката идентификација на жртвите, семејствата од Кочани потсетуваат дека солидарноста е единственото нешто што има вистинска вредност во вакви моменти.

„Нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите и со повредените. Стоиме на располагање за сè што можеме да помогнеме — со разбирање, со тивка поддршка и со срце што знае“, порачуваат од здружението.

Пожарот во Швајцарија се случи за време на новогодишната прослава во преполн бар, каде според сведоштвата, жртвите останале заробени поради блокирани излези. Додека Швајцарија прогласи петдневна жалост, Македонија веќе понуди медицинска помош за повредените преку Координативниот центар на ЕУ, потврдувајќи ја силната солидарност меѓу двете држави.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy