
Боксот излегува од програмата на Олимписките игри
Секој град-организатор има можност да укине или воведе некој спорт, а организацискиот одбор на Лос Анџелес ги предложи безбол/софтбол, крикет, флег фудбал, лакрос и сквош со тоа што испаѓаат боксот и брејкденсот.
Причина за елиминацијата на боксот е Интернационалната боксерска асоцијација која го загуби кредибилитетот кај ИОК поради обвиненија за корупција и неможност да ги имплементира потребните реформи.
