
БОКС МЕЧ ВО ТУРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Пратениците си разменија тупаници за Ататурк, па го изгласаа буџетот
Турското Големо национално собрание синоќа се претвори во арена за физичка пресметка. Наместо со амандмани, пратениците од власта и опозицијата „дебатираа“ со тупаници и туркање, а причината беше наследството на таткото на модерна Турција – Мустафа Кемал Ататурк.
Тензиите зовреа кога дебатата за буџетот премина во размена на остри обвинувања и провокации поврзани со историската улога на Ататурк.
Вербалниот судир брзо ескалираше во физички.
Иронично, и покрај жестокиот инцидент, парламентот продолжи со работа како ништо да не се случило. Откако страстите се смирија, пратениците се вратија на своите места за најважната точка на дневниот ред.
Нацрт-законот за буџетот за 2026 година беше успешно изгласан:
Исто така, усвоен беше и финансискиот извештај за 2024 година.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во својата реакција на социјалната мрежа „Икс“ (X) воопшто не се осврна на насилството, туку се фокусираше исклучиво на економскиот успех.

