
Боки 13 се уште е во болница, се одложува јавната седница
Бојан Јовановски-Боки 13 се уште е во болница и во лоша здравствена состојба.
Денеска се одложува јавната седница пред Апелација за случајот „Меѓународен сојуз“, а следната е закажана за 5 јуни.
„Јавната седница пред Апелациниот суд Скопје по кривичниот предмет КОКЖ-153/22 во јавноста познат како „Меѓународен сојуз“ закажана за ден 24.04.2023 година, се одложи поради неможност на обвинетиот Б.Ј.од С. да присуствува на седницата по скоро извршена хируршка интервенција кој сеуште е хоспитализиран и ја прима неопходната нега, додека за обвинетата Ј.Е. нема уредна достава, за што судот е известен од бранителот дека има промена на адреса непријавена во судот, по што е задолжен бранителот во рок од три дена да ја достави точната адреса“, стои во соопштението на Апелација.