Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Боки 13 бара средба со обвинителот Абази: Ќе ви доставам бомби за настани поврзани со корупција и криминал
Македонија

Боки 13 бара средба со обвинителот Абази: Ќе ви доставам бомби за настани поврзани со корупција и криминал

22/02/2023

AA

Шоуменот Бојан Јовановски – Боки 13 кој е осуден на девет години затвор за случајот „Рекет“, бара средба со јавниот обвинител Ислам Абази, со цел да поднесе кривични пријави, и како што најави, да му достави бомби поврзани со криминал и корупција.

„Во име на високиот степен на јавниот интерес, Ви соопштуваме дека Бојан Јовановски иницираше постапка пред јавниот обвинител Ислам Абази, шеф на ОЈО за ГОКК Скопје. На ден 16.02.2023 година Бојан Јовановски во писмена форма, своерачно потпишана од негова страна, тој побара да биде изведен во најкус можен рок, исклучиво пред обвинителот Ислам Абази и во присуство на полномошниците м-р адвокат Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје и Сашо Дуковски адвокат од Скопје, поради тоа што истакнува дека единствено има доверба во посочениот јавен обвинител.“, соопштија од адвокатскиот тим на Јовановски.

„Бојан Јовановски во писмото до јавниот обвинител истакна барање за поднесување на кривини пријави на записник кои се однесуваат на лица и настани поврзани со коруптивни, казниви дела и криминални дејствија на лица од највисоките државни структури од сферата на политиката, правосудството, бизнис елитата и други лица кои биле во заедничка корелација на сторување.

Со наведеното ја информираме јавноста дека започнува исклучително сериозен и сензитивен процес, дотолку повеќе што Бојан Јовановски при поднесувањето на кривичните пријави на записник ќе ги предаде сите докази во поткрепа на пријавите , а доказите кои ги поседува се во форма на снимени разговори, транскрипти, пораки, фотографски и видео записи ( т.н. “бомби” ) како што е и наведено и во самото барање до јавниот обвинител од страна на Бојан Јовановски.

Ја известуваме јавноста дека благовремено преку јавните гласила ќе бидат споделувани информации за отпочнатиот процес и ја повикуваме јавноста со внимание да го следи процесот, особено важно поради статусот и положбата на подносителот Бојан Јовановски, за кој апелираме дека после започнување на овој процес ќе биде изложен на интензивирана тортура, притисоци и закани, па оттука повикуваме на разумност и поддршка од општата и стручната јавност.

Во прилог на соопштението Ви ја доставуваме содржината од барањето и примерок од барањето кон јавниот обвинител со приемен печат од ОКОЈ за ГОКК.“, стои во соопштението.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
Македонија

Мери Дика Георгиевска избрана за нов уставен судија

29/07/2026
Македонија

Мицкоски: Обвинителството веднаш да влезе во ИЈЗ и АХВ, имало

29/07/2026
Македонија

Нови три случаи на западнонилска треска во Македонија, двајца пациенти

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44750
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026

Љубителите на астрономијата и ноќната фотографија синоќа имаа прилика да уживаат во прекрасна глетка на небото, каде што полната Месечина

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани на средба со Лукровски

29/07/2026

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, во рамки на активностите насочени кон унапредување на директната и непосредна комуникација со

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026

Денеска (29.07.2026), во периодот од 07.00 до 12.00 часот, спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy