
Бохум чудесно се „врати од мртвите“ и остана во Бундеслигата
Предноста на Диселдорф од првиот натпревар (3-0) почна да се топи во 18. минута кога Хофман погоди за 1-0, а потоа истиот фудбалер во 66. минута стрелаше и за 2-0.
Вистински шок за Фортуна следеше во 70. минута кога Бохум од пенал стигна до 3-0 и избори продолженија во кои мируваше мрежата, по што победникот се решаваше во пенал-рулетот.
Фортуна промаши два пенали во рулетот, и тоа на почетокот преку Хофман и во седмата серија преку Учино.