Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Богоев: Работиме на побрзи процедури за царинење и олеснување на трговијата
Македонија

Богоев: Работиме на побрзи процедури за царинење и олеснување на трговијата

28/09/2023

AA

Царинската управа работи на конкретни мерки и активности што ќе резултираат со скратено време на завршување на процесите за царинење и помали трошоци за компаниите. Секој ќе има придобивки од овие политики, бидејќи се клучни за генерирање повисок и одржлив економски раст, – истакна директорот на Царинската управа, Стефан Богоев на настан по повод одбележување 20 годишен јубилеј од основањето на Макам-Транс на кој присуствуваше заедно со заменик директорот Муарем Асани.

„Царинската управа работи на спроведување ефективна трговска политика која ќе биде изградена врз темелите на аспирациите за членство во Европската Унија и функционирањето на единствен пазар. Во оваа насока сме насочени кон целосно хармонизирање на царинската легислатива со европското законодавство, дигитална трансформација и замена на постоечките ИТ системи со нови системи кои се применуваат во ЕУ, модернизација на премините и борба со криминалот, сузбивање на сивата економија и корупцијата. Побрзото спроведување на процесите значи и побрз влез во ЕУ и оттаму нашата одговорност е спроведување мерки во линија со европските цели. Притоа, мерките за економска интеграција и подобрување на условите за инвестирање ќе бидат клучни“, истакна Богоев.

Во моментов како што потенцира Богоев, Царинската управа работи на имплементација на нов национален едношалтерски систем, при што сите процеси за царинење ќе се завршуваат од едно место.

Во делот на модернизација на премините, како клучни проекти ги наведе воспоставените заеднички гранични контроли на Табановце, Ќафасан, а наскоро и на Блаце со Косово. Во оваа насока, проширен е сообраќајниот премин на Табановце, а во моментов, како што рече, се работи на реализација на Проектот за модернизација и проширување на преминот Деве Баир. Со средства од ИПА на влез на граничниот премин Богородица се работи и на замена на старата со нова дигитализирана вага за товарни возила.

„Ова се само дел од мерките што се спроведуваат во насока на унапредување на трговската политика што ќе придонесе за олеснување на трговијата, зголемување на конкурентноста на македонската економија, а истовремено се испраќа позитивен сигнал за странските инвеститори во нивните одлуки за инвестирање во нашата држава. Како ефикасен сервис за македонското стопанство, континуираниот дијалог со бизнис заедницата е многу значаен за постигнување напредок и креирање мерки во насока на градење просперитетно општество“, потенцира Богоев.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy