Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Богојески со отворено писмо до Жосеп Борел
Македонија

Богојески со отворено писмо до Жосеп Борел

18/10/2023

AA

Петар Богојески, лидер на политичката партија Македонски Концепт испраќа јавно писмо до Жозеп Борел, висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, предводена од претседателката Урсула фон дер Лејен.

Почитуван господин Борел,

со внимание го следам развојот на настаните во Европската Унија, а кои се однесуваат на политиката на реформирање и проширување. Истите имаат дирекно влијание и катализираат ЕУ песимизам во Македонија, што лично мене, но и нашата политичка партија Македонски Концепт, како ЕУ фундаменталисти, исклучително не загрижуваат.

Во таа насока допринесуваат и заклучоците од последниот Самит на Берлинскиот процес во Тирана, со кои се става знак на равенство помеѓу земјите кои премногу направиле и жртвувале за интеграцијата во ЕУ, како што е мојата Македонија, со земјите кои сеуште се извозници на нестабилност и етнички шовинизам во регионот, како Косово. Ставање на Македонија во пакет со Косово, е поголема неправда од таа со која не ставивте во пакет со Албанија и ја спречивте нашата брза интеграција во Унијата, после потпишувањето на Преспанскиот договор.

Господине Борел, очекуваме од вас да не го повлекувате „европскиот потпис“ на Преспанскиот договор, под притисок на албанскиот и бугарскиот етнички шовинизам на Балканот. Вие подобро од мене знаете дека евентуалното одлагање на почеток на преговори со Македонија, е дирекно суспендирање на Преспанскиот договор и тоа значи одлагање на неговата имплементација, што всушност е и главна цел на бугарската дипломатија.

Вие подобро од мене знаете дека условите кои и ги поставувате на Македонија со т.н. „француски предлог“ се антипод на шестте фундаментални вредности во кои заедно сме убедени, а врз база на кои е создадена самата ЕУ.

Ова писмо ви го испраќам, не со амбиција да ја корегирам вашата политика, свесен за својата и за тежината на нашата партија на домашната политичка сцена, туку да ви понудам компромисно решение помеѓу ЕУ и Македонија. Очекувам истото сериозно да го разгледате како решение за реален почеток на интегративниот процес, на кој вие како Унија се обврзавте како гарант на Преспанскиот договор.

Компромисот се состои во ваша одлука за брза интеграција на Македонија во ЕУ преку издвојување од т.н. „косовски пакет за интеграција“, а Македонија од своја страна само еднаш ќе го промени својот Устав со цел влез во ЕУ. Тоа ќе отвори јасна перспектива за мојот народ и надеж дека преку целосна поддршка на вашиот процес на реформирање на Унијата и трпеливо работење на темелно реформирање на Македонија, сепак еден ден ќе станеме „асоцијативна членка“ на ЕУ, со оглед на тоа дека повеќе нема да прифаќате „полноправни членки“.

„Скалестото интегрирање“ е прилика веднаш да отворите можности на заедничкиот европски пазар за македонскиот бизнис и поддршка на нашиот реформски процес од пристапните фондови. Секако и можност македонските граѓани да учествуваат на пазарот на трудот на ЕУ со македонски пасоши, без да има потреба да купуваат алтернативни пасоши на некои од земјите членки на Унијата.

Со ова, ќе ги засилите политичките опции во Македонија, кои поддржуваме интеграција во ЕУ, драстично ќе опадне ЕУ песимизмот, а тој македонски оптимизам сериозно ќе придонесе кон решавање на останатите отворени прашања на Балканот, вклучително и косовското.

Ви посакувам успешна работа,

Петар Богојески с.р.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy