Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Богојески го суспендирал Рамиз Мерко од ЕУ фондови!
Македонија

Богојески го суспендирал Рамиз Мерко од ЕУ фондови!

03/06/2025

AA

Директорот на Националната агенција, Петар Богојески, ја активирал итната постапка за целосна суспензија на универзитетот кој се поврзува со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Според извори блиски до процесот, станува збор за исклучување на институцијата од сите тековни и идни европски образовни програми.

Причината e поради сериозни индиции за нарушување на кредибилитетот на ЕУ проектите – од системска продажба на дипломи, преку нелегитимно запишување странски студенти, па сè до сомнителни финансиски трансакции поврзани со европски средства. Универзитетот веќе е предмет на неколку новинарски истражувања, а се спомнува и во контекст на организиран криминал.

Во дописот до Европската комисија, Богојески истакнал дека ваквата постапка е неопходна за да се заштити интегритетот на европските фондови и да се врати довербата кај македонските граѓани. Тој потврдил дека случајот е чувствителен, но неопходен.

Дополнително, медиумите пишуваат дека директорот побарал и поништување на акредитацијата што Универзитетот ја добил од ЕУ во минатото – што, според дипломатски извори, веќе предизвикало сериозни потреси во Европската комисија. Причината: институцијата на Мерко, кој инаку се наоѓа на црната листа на САД и се соочува со повеќе обвиненија, била наводно политички поддржана преку одредени канали во ЕУ.

Во моментов, Европската комисија сè уште официјално не се произнесла, но зад сцената, случајот веќе се нарекува „преседан на Балканот“ – прв пат една национална институција во земја-кандидат решава да ја прекине соработката со контроверзен субјект, дури и по цена на судир со европски бирократски интереси.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy