Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Богатство од вкусови во Diamond Mall – се отвора „Гурманската авенија“
Македонија

Богатство од вкусови во Diamond Mall – се отвора „Гурманската авенија“

24/11/2023

AA

Нови атракции во „срцето на градот“ во Diamond Mall. Од денес, сите љубители на купувањето и дружењето ќе имаат дополнителна причина за уживање, бидејќи започнува со работа „Гурманската авенија“.

Ресторанот „Amigos” прв ќе ги дочека гурманите кои сакаат да уживаат во вкусни специјалитети во урбан амбиент со посебен шарм, додека отворањето на „M House” и „Sarajeva steak house” е најавено во следните денови.

Во текот на следните месеци ќе започнат со работа и „Su Roastery”, „SushiCo”, „Tribeca” и „The Table”, со што понудата во „Гурманската авенија“ ќе биде дополнително збогатена и разновидна.

„Гурманската Авенија“ (Gourmet Avenue), е една од трите целини на Diamond Mall покрај сегментот со 150 продавници и „Зоната на соништата“ (Dream Zone), која ќе биде наскоро отворена. Во „Гурманската Авенија“, освен можноста да ја откријат понудата на уникатни деликатеси од локалната и интернационалната кујна, посетителите ќе можат да учествуваат во различни случувања од областа на културата и уметноста.

Diamond Mall е дел од мултифункционалниот комплекс „Diamond of Skopje“, во чија изградба Групацијата „Лимак“ досега инвестираше над 350 милиони евра.

Комплексот го сочинуваат и четири резиденцијални згради, деловни простории, луксузен хотел, како и подземна сообраќајница.

Трговскиот центар располага со голем број влезови кои овозможуваат лесна пристапност од било кој дел на централното градско подрачје, независно дали се доаѓа со возило, со јавен превоз или пешки. На располагање на посетителите на центарот се ставени и 2.900 паркинг места.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Таравари удира по „Безбеден град“: Се крши Законот за јазици,

25/01/2026
Македонија

Тотална блокада од утре напладне: 370 камиони ги затвораат сите

25/01/2026
Македонија

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ДОЖД И СНЕГ Циклон носи обилни врнежи,

25/01/2026
Македонија

СО 3,15 ПРОМИЛИ УДРИЛ ВО ОБЈЕКТ И ПОБЕГНАЛ Пет лица

25/01/2026
Македонија

МАЛОЛЕТНИК ЗАД ВОЛАН ПРЕДИЗВИКА ХАОС Пешак се бори за живот

25/01/2026
Македонија

НА ВЛАСТ ДРУГАРУВАА ЗА КРИМИНАЛНИ ШЕМИ, А СЕГА СЕ ПРОТИВ

25/01/2026
Македонија

УДРИЛ ВО ПИЈАН ПЕШАК И ПОБЕГНАЛ Повредениот имал 1,69 промили

25/01/2026
Македонија

ПИЈАНА КАВАДАРЧАНКА СО НОЖ ГО ПОВРЕДИЛА СОПРУГОТ Со 2,61 промили

25/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40606
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Таравари удира по „Безбеден град“: Се крши Законот за јазици, казните се превисоки – следува

25/01/2026

Крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари излезе со остри критики за начинот на кој се спроведува проектот

Тотална блокада од утре напладне: 370 камиони ги затвораат сите граници – „Макамтранс“ бара итно

25/01/2026

Македонија се соочува со целосен прекин на товарниот сообраќај на граничните премини. Од утре напладне (понеделник), околу 370 камиони ќе

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ДОЖД И СНЕГ Циклон носи обилни врнежи, локално над 30 литри

25/01/2026

Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд, што наместа ќе бидат

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy