
Богатинов доби црвен картон, па Тричковски погоди за триумф на АЕК Ларнака (ВИДЕО)
Тричковски влезе како замена во 60. минута од мечот, а голот го постигна во самата завршница за водство од 2-0 на АЕК Ларнака.
Претходно македонскиот голман Мартин Богатинов во 41. минута доби директен црвен картон поради старт врз противник.
Етникос Ахна се наоѓа на 10. позиција со 13 освоени бодови, додека АЕК Ларнака е на шестото место со 26 бода.