
БОГАТИ ДРЖАВИ НЕМААТ ЗЛАТНИ РЕЗЕРВИ: Која земја е лидер во регионот?
Србија е убедлив лидер по резерви на злато во регионот.
Сeверниот сосед има 38,5 тони злато во своите златни резерви, а на второ место на Западен Балкан е Македонија со 6,8 тони злато, покажуваат податоците на Светскиот борд за злато. Понатаму е Словенија со 3,7 тони, Албанија со нешто повеќе од три тони, Босна и Херцеговина со 2,7 тони, Хрватска со два тони.
Црна Гора ја нема на оваа листа, но Министерството за финансии на оваа држава објави дека резервите се 1.197 тони. Соединетите Американски Држави (САД) поседуваат најголеми резерви на злато во светот, односно 8.133 тони. Втора е Германија со 3.355 тони, а на трета и четврта позиција се Италија и Франција со нешто помалку од 2.500 тони злато. Русија е петта со 2.298 тони, а Кина е шеста држава со 2.010 тони злато. Некои богати држави како Канада и Норвешка воопшто немаат злато во девизните резерви. Србија долги години е позната по тоа што трупа златни резерви.
