Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бочварски: За следната година обезбедивме нови 5000 дозволи за нашите транспортери
Македонија

Бочварски: За следната година обезбедивме нови 5000 дозволи за нашите транспортери

28/09/2023

AA

Транспортната дејност е многу важен сегмент за целата држава, за развојот и јакнењето на економијата и оттаму Владата заедно со вас транспортерите креираме развојни политики со цел подобрување на условите за работа за сите вас. Ги надминуваме турбулентните времиња и со успешни политики успеваме да го зајакнеме партнерскиот однос и заеднички да постигнуваме резултати, истакна министерот Благој Бочварски на традиционалната средба со превозниците, во организација на Асоцијацијата Макам Транс.

Тој во своето излагање ги потенцираше политиките што Министерството за транспорт и врски ги презема во насока на развојот на транспортната дејност и подобрување на условите на превозниците и како што напомена, транспортниот сектор е многу важен сегмент во националната економија.

„Транспортната дејност, а посебно патниот транспорт, е многу важен за развојот и јакнењето на економијата и оттаму ние како Влада креираме развојни политики со цел подобри услови за вас превозниците. Нашите заеднички напори вродија со плод и треба сите ние да сме горди на тоа. Пред нас е членството во Европска Унија, но до тогаш мораме заедно да го изодиме патот, да ги спроведеме потребните реформи и сакам да ве уверам дека поддршката од Владата кон транспортниот сектор несомнено ќе продолжи.“ – изјави министерот Бочварски.

Тој исто така информираше и за напорите кои се прават со цел обезбедување на дополнителни транспортни дозволи со кои се нудат дополнителни можности за македонските транспортни компании.

„Од наредната 2024 година Северна Македонија како полноправна членка на Организацијата за црноморска економска соработка за нашите транспортери добива 5 илјади Б-Сек дозволи, а во однос на ЦЕМТ дозволите на располагање ќе бидат 1.680 годишни и 2.808 месечни дозволи. Она што сакам да го истакнам, а е новост е дека со украинската страна договоривме 700 дозволи за и од трети земји, почнувајќи од 2024 година, а исто така по низа состаноци и средби на мешовитата македонско-германска комисија договорено е значително зголемување на контингентот на дозволи по сите видови на превоз, што сметам дека е голем успех. Дополнително, со Република Србија се согласивме да превозот кој се врши за и од трети земји со еколошки возила, односно возила со категорија „зелено возило“ и повисоките категории, да биде ослободен од режимот на дозволи кога ќе се надминат административните процедури,  што сметам дека е една одлична мерка и историски успех за транспортерите.“ – истакна министерот Бочварски.

Министерството за транспорт и врски останува партнер на превозниците во Северна Македонија, продолжуваме да ја спроведуваме транспортната стратегија и да правиме сериозни чекори за обезбедување подобри услови за работа на македонските транспортери и за зајакнување на транспортната дејност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy