
Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел на време да се изградат Коридорите 8 и 10Д
Од вчера почна да тече рокот за реализација на договорот со Бехтел и Енка за изградба на коридорите 8 и 10 д, и повторно партиски препукувања.
Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време, брзо и ефикасно, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Според него досега не се исплатени средства кон компанијата. Првата исплата на средства би била авансот за отпочнување на градежните работи и секој исплатен денар кој ќе биде од страна на државата и Владата кон Јавното претпријатие за државни патишта, а потоа и кон изведувачот ќе биде објавен на сајтот на Јавни финасии.
Бочварски повтори дека ова е нова постапка и нов систем на градење, каде најпрво ќе се одобри урбанистичкиот проект кој ќе ја утврди трасата по кој ќе почне постапка на експропријација на земјиштето.

