Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бочварски: Преку голем број проекти и иницијативи до одржлив развој и побрза енергетска транзиција
Македонија

Бочварски: Преку голем број проекти и иницијативи до одржлив развој и побрза енергетска транзиција

26/04/2023

AA

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска присуствуваше на Економскиот форум во Валандово, каде се обратил на панелот посветен на нови енергетски трендови и одржлив развој.

Тој потенцира дека преку голем број иницијативи и мерки што ги реализираше Владата успешно се ублажени последиците од енергетската криза и дополнително преку кои се придонесува кон енергетска транзиција. Тоа, нагласил, особено се рефлектираше во делот на поставување на фотонапонски електроцентрали од страна на домаќинствата и бизнис заедницата.

– Силно сме посветени во реализација на многубројни проекти со цел обезбедување одржлив развој, енергетска транзиција и носење иницијативи преку кои наметнуваме нови енергетски трендови. Минатата година поминаа измените во Законот за градење со кои ги поедноставивме процедурите за поставување фотоволтаици и можам да кажам дека сум задоволен од големиот интерес кај граѓаните и бизнисите, што значи дека политиките што ги водиме носат позитивни резултати. Во истата насока, активно ја градиме и гасоводната мрежа низ цела држава, а посветено работиме и на доизградба и реконструкција на патната и железничката инфраструктура, со што со сите овие проекти сериозно придонесуваме кон намалување на загадувањето и обезбедување поздрава животна средина и квалитетни услови за живот за сите граѓани, истакна министерот Бочварски, се наведува во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

Министерството за транспорт и врски, се подвлекува, продолжува активно да работи на реализација на голем број проекти со кои се обезбедуваат значајни бенефити за граѓаните и стопанството, со цел одржлива економија и забрзан раст и развој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy