
Бобан Николовски седна во фотелјата на Царинска управа
Бобан Николовски откако беше назначен на владината седница за нов директор на Царинската управа, денес го имаше официјално првиот работен ден.
Го направи примопредавањето со својот сега веќе претходник Стефан Богоев.Николовски на оваа позиција доаѓа одкако пред месец и пол дена стана пратеник во Собранието.Претходно, 15 години беше вработен како царински службеник во оваа институција.
Тој како што напиша, најавува подигнување на нивото на подготвеност на институционалните капацитети и нова информатичка технологија и целосна дигитализација на услугите, како и поголема наплата.
