Бојмацалиев: Во моментот имаме неодобрени 44.000 пасоши, обрасци веќе има, сега треба само добро менаџирање
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денес во интетвју за ТВ Тера од Битола и прашање како функционира процесот на издавање на личните документи во Битола и на територијата на целата држава изрази посебно задоволство од процесот во битола и битолчани.
„Конкретно за Битола, морам да ги пофалам битолчани бидејќи тие се исклучително дисциплинирани граѓани, веќе ги сменија своите документи во огромен број и само за илустрација ќе кажам дека за првпат се случува во една општина и бројот на пасоши и на лични карти да биде скоро идентичен, секаде имаме поголем број на пасоши а помал на лични карти. Битолчани отсекогаш биле и верувам дека ќе продолжат да бидат исклучително посветени на она што им е граѓанска должност.“, истакна Бојмацалиев.
Тој за проблемите со кој се соочува целиот процес посебно во Скопје објасни дека и во изминатите неколку месеци и на интерни состаноци потенцирал дека процесот на сликање, печатење и издавање документи е еден круг, едно тркало кое мора постојано да врти, да не стои во место.
„Можам слободно да кажам дека 2023 година ја завршивме со скоро 99% сликани и одобрени пасоши. Онаа огромна гужва која ја имавме во месец јануари, само 4000 пасоши не беа одобрени во рокот за одобрување. За жал, сега имаме ситуација во којашто имаме над 44.000 пасоши на ниво на државата кои не се одобрени и луѓето не можат да ги земат во оние 15 дена своите лични документи. Тука не станува проблем со обрасци, таа тема веќе ја затворивме и се покажа дека тоа е лажна вест и дека обрасци има. Минатите 2 месеци добивме 300.000 обрасци и ќе добиваме понатаму се со цел процесот да тече незапрено. Сега треба само добро менаџирање“, дециден беше Бојмацалиев.
Бојмацалиев објасни дека од кога е почнат процесот со издавањето документи со новото име Република Северна Македонија, јули 2021, па се до доаѓање на техничката влада МВР има услужено над 1.300.000 граѓани.
„Ако земеме Доколку не беше она црна пропаганда и политички маркетинг дека некои политичари ќе го вратат старото име само да дојдат на власт, ќе имаше доволно време сите граѓани да ги сменат своите документи. Така да, МВР не било спремно и државата не мислела на граѓаните како теза паѓа во вода. Може да пресметате слободно, со капацитетот кој го има МВР од тој јули, до овој февруари можело над 2.000.000 лични документи да се издадат, иако за пасоши пример ни се потребни само 1.800.000“, истакна Бојмацалиев.