Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бојмацалиев на терен заедно со полицијата во Демир Капија: Во 2024 спречени 1596 обиди за влез на илегални мигранти
Македонија

Бојмацалиев на терен заедно со полицијата во Демир Капија: Во 2024 спречени 1596 обиди за влез на илегални мигранти

12/03/2024

AA

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, денеска во Демир Капија ги посети полициските службеници од пунктот за борба против илегалната миграција и криумчарење мигранти, во рамки на оперативната акција „Рефлекс“.

„Тука сме директно на терен да посведочиме на остварувањето на работните задачи и планови на полициските службеници, со цел поефикасна борба со сите видови криминал, особено борбата против илегалната миграција, организираниот криминал и корупцијата, а со тоа гарантирање на безбедноста на сите граѓани.“, потенцираше Бојмацалиев. Притоа, тој сподели статистика во делот на сузбивање на илегалната миграција.

„Европската агенција за гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС е на територијата на Република Северна Македонија, по потпишувањето на Договорот помеѓу поранешниот министер Спасовски и еврокомесарката Јохансон. Оттогаш досега ги бележиме резултатите – во 2023 спречени 13.954 нелегални преминувања, од кои на РЦ ЈУГ се 12.000. во 2024 овие два месеца имаме 1.596 на целата територија на државата, 1.057 само за РЦ ЈУГ. Според земјата на потекло, доминираат обидите на лица по потекло од Сирија-1.199 обиди, додека останатите се од Мароко, Непал, Ирак, и во помал број од други земји. Исто така, во рамки на откриените 16 случаи спречено е криумчарење на вкупно 104 мигранти, а мерки на кривичен прогон се преземени против 14 лица, за сторени 11 кривични дела „криумчарење на мигранти“”, рече Бојмацалиев, додавајќи дека успехот се должи на работата на контролните пунктови низ државата.

„Ова се бројки кои говорат за одличната координација помеѓу нашите полициски службеници од МВР и службениците од ФРОНТЕКС во насока на намалување на рутата која беше атрактивна од 2015, па се’ до пред две години. Република Северна Македонија повеќе не е атрактивна рута, што се должи и на работата на македонската полиција со повеќе контролни пунктови низ државата во склоп на оперативната акција која трае веќе 4 години”, истакна Бојмацалиев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy