
БОЈКОТ НА МАРКЕТИТЕ: Повеќето бојкотираа, но дел пазаруваа
Поголемиот дел од граѓаните денеска ги бојкотираа маркетите, а дел сепак излегоа да пазарат.
Бојкотот денеска го коментираше првиот човек на Стопанската комора, Бранко Азески кој објасни дека поддржува сѐ што има реална основа, но ќе бара решение на проблемот преку дијалог помеѓу производителите и трговците кои се членки на Комората.
„Овој проблем не е од сега туку од порано меѓу производителите и трговците и сметам дека тоа не треба да оди на сметка на граѓаните. Тоа треба да биде знак за сериозни разговори и донесување решение, а не да биде само регистрирање на проблемот. Имаме закон кој треба да го реши тоа и направи проблеми. Ќе бараме решение за тоа. Ќе поддржам сѐ што има реална основа, а има реална основа овде да се реагира и ќе барам да се најде решение на проблемот“, рече Азески.
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата му дава шанса на дијалогот и ќе го користи дијалогот, но очекува фер однос на трговците кон граѓаните.
Во Хрватска, граѓаните минатиот петок бојкотираа и прометот падна, со што сакаа да алармираат дека цените се високи. Македонските граѓани од Хрватите ја добија идејата да бојкотираат.
foto freepik.com
