
Бојан Марчиќ ќе биде прв вицепремиер во Владата на Талат Џафери
Бојан Маричиќ ќе биде прв вицепремиер во техничката влада што ќе ја предводи Талат Џафери, јавува 360степени.мк.
Според нивен извор од владејачката коалиција, ова е дел од политичкиот договор меѓу СДСМ и ДУИ во пресрет на формирањето на преодната влада за организација на изборите и серијата кадровски и меѓупартиски поместувања на функциите како последица на тоа.
Маричиќ, според најавите, ќе остане и заменик-претседател на Владата за европски прашања, позиција на која е во овој момент, додека пак досегашниот прв вицепремиер – Артан Груби во преодниот кабинет на Џафери ќе биде вицепремиер за политички прашања и министер за политички систем.
