Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Блумберг: Трамп ќе потпише извршна наредба за зајакнување на производството на јаглен во САД
Македонија

Блумберг: Трамп ќе потпише извршна наредба за зајакнување на производството на јаглен во САД

08/04/2025

AA

Претседателот Доналд Трамп ќе се обиде да го прошири ископот на јаглен во САД за да го зголеми производството на електрична енергија потребна за центрите за податоци. Ова за Блумберг го изјави висок функционер во Белата куќа.

Се очекува Трамп подоцна денеска да потпише извршна наредба за голем број мерки за стимулирање на домашното производство на јаглен. Тие вклучуваат концесии за рударство на федерално земјиште и вклучување на јаглен на листата на критично важни суровини, рече изворот. Се планира и стимулирање на извозот на американски јаглен и сродни технологии.

Извршната наредба ја нагласува посветеноста на Трамп за користење на американскиот јаглен како извор за производство на електрична енергија за центрите за податоци, како и за работењето на челичарниците.

Вчера, Трамп рече дека САД во моментов се „многу напред во трката со Кина во вештачката интелигенција“ и додаде дека обезбедувањето електрична енергија за центрите за податоци е од клучно значење за одржување на таа предност.

Сепак, не е јасно дали иницијативата ќе биде доволна за драматично менување на американскиот пазар на јаглен бидејќи неговата употреба опаѓа, отстапувајќи место на евтиниот природен гас и обновливите извори на енергија, како и на еколошките регулативи и грижите поврзани со климатските промени, забележува Блумберг.

Според Управата за енергетски информации (EIA), јагленот обезбедува околу 15 проценти од производството на електрична енергија во САД, додека на почетокот на векот овој удел беше двојно поголем.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy