
Блокиран сообраќајот на автопатот Скопје – Велес, има сообраќајна несреќа
Попладнево се случила сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес. „Во 17.45 часот поради случена сообраќајна незгода на автопат Скопје -Велес, пред тунелот, блокирани се двете сообраќајни ленти“, велат од АМСМ. Засега нема информации за евентуално повредени лица.

