Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Блокчејн – Финансиска еманципација или продлабочување на нееднаквоста?
Економија

Блокчејн – Финансиска еманципација или продлабочување на нееднаквоста?

20/03/2024

AA

Блокчејн технологијата како и многу други
иновации се презентираат како решение за клучни општествени проблеми, ветувајќи
финансиско ослободување на луѓето, поголема транспарентност и сузбивање на
корупцијата и унапредување на услугите. Но, како и со секоја примена на нова
технологија, така се исцртуваат и јасните нееднаквости меѓу развиените и
земјите во развој.

Со одлични информации
располага Ева Јованова, која работи во блокчејн компанија во Лондон со фокус на
иновации во енергетиката, а нејзина специјалност се регулативите и прифаќање на
блокчејн технологијата. Како што вели Јованова, блокчејн го менува светот, но
неопходна е поголема едукација и информирање на корисниците и населението за
користа, трошоците и целите на блокчејн проектите.

Новата Веб 3 технологија делува многу идеалистички
од аспект на нејзината примена во децентрализација и демократизација на системи
и процеси. Колку досегашниот развој ги оствари овие замисли?

Јованова: Генерално може да се
подели Веб 3 технологијата на два дела и не нужно вклучува токени или коини. Од
финансиски аспект многу повеќе ветува уште од самиот почеток за земјите во
развој, а додека од инфраструктурен и шпекулативен аспект повеќе ветува за
земјите кои се веќе развиени.

Инфраструктурни проекти во Веб 3 технологии има
многу, јас работам во енергетскиот сектор на делот за Веб 3 политики и
регулации и можам да потврдам дека во развиените земји таа технологија се
применува за многу различни работи, почнувајќи од енергетика, јавни набавки,
осигурување, катастарски услуги и слично, но тие инвестиции се многу поскапи и
затоа финансискиот сектор е многу повеќе прифатен од земјите во развој.

Што овозможуваат блокчејн, криптовалутите, и
de-fi апликациите од аспект на финансиско еманципирање на поединците,
компаниите и инвеститорите?

Јованова: Идеалистички гледано
оваа технологија е замислена како начин населението кое нема пристап до
банкарски услуги да добие таков пристап или населението кое има пристап само до
многу лоши, неповолни услови за банкарство со кредити со многу високи каматни
стапки да може лесно да добие пари на заем.

Сега за сега на тој начин се применува пред се во
земјите во развој, особено во Африка и Латинска Америка. Додека пак, на Запад
повеќе се инвестира во протоколи и de-fi
(децентрализирани финансии) производи од шпекулативен аспект.

Дали оваа технологија има изгледи да се примени и
во Македонија, колку постои капацитет од аспект на експерти, приватен сектор и
образованието и слух и желба од страна на државните институции?

Јованова: Апсолутно може и
треба да се примени оваа технологија во Македонија. Но, мора да се почне од
установите кои се занимаваат со регулација на Веб 3 технологија, бидејќи без
фер регулативни рамки постои секогаш опасност дека оваа технологија ќе се
примени за злоупотреби и измами како што се случувало во минатото. Не постои
тело од кое може да се побара заштита за можните штети и одговорност.

Исто така е важна едукацијата за сите учесници
кои ја применуваат оваа технологија, а потоа и за населението затоа што со се
поголемата софистицираност на блокчејн проекти и цели толку е и поскапа оваа
технологија и затоа треба сите да бидат добро информирани. 

Како е да се гради кариера во блокчејн
индустријата, колку е важна финансиската писменост и едукација на тој пат.
Колку волатилноста на криптовалутите може да биде ризик за инвеститорите,
особено за тие кои не се доволно информирани?

Јованова: Многу е интересно е
да се гради кариера во овој сектор и едноставно увидов дека оваа технологија ќе
го промени светот и не можев да оддолеам на можноста да се вклучам професионално.

Се повеќе и повеќе оваа технологија нема да биде
волатилна или волатилноста на одредени коини нема да влијае врз расположението
на различни инвеститори и бизниси бидејќи како што напоменав во одредени
сектори има инхерентна примена и корист, додека кај поединечните инвеститори
досега знаеме за неколку големи кризи од кои што инвеститорите се изгореле. Јас
мислам дека како и со други финансиски инструменти треба да се има одредена
доза на скепса.

Х.С.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ИСПЛАШЕН ОД ИСКАЗИТЕ НА ГРУБИ Тој брутално ме

27/02/2026
Македонија

НЕ СМЕ МЕКОТЕЛИ ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА Ние сме жртви на

27/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И ХРВАТСКА ЌЕ ПОТПИШАТ ДОГОВОР ЗА СТРАТЕШКА СОРАБОТКА Нова

27/02/2026
Македонија

ТРЕТИНА ОД ПОПУЛАЦИЈАТА, НАЈВРЕДНАТА, Е НАДВОР Одливот на младите високообразовани

27/02/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ОДЗЕМАТ ЛИЦЕНЦИТЕ ЗА КАНАБИС НА УШТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ Ќе

26/02/2026
Македонија

Миноски: Зголемување на минималната плата на 600 евра ќе опфати

26/02/2026
Македонија

Миноски за 4TV.mk: Намалувањето на царините е позитивно, но клучно

26/02/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ГО ПОВИКА ЖАН МИТРЕВ ДА ДАДЕ ДОКАЗИ ДЕКА

26/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42000
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФИЛИПЧЕ Е ИСПЛАШЕН ОД ИСКАЗИТЕ НА ГРУБИ Тој брутално ме напаѓаше, зошто би склучувал пакт

27/02/2026

Премиерот Христијан Мицкоски побарал објаснување од МВР и АНБ зошто би бил загрозен Артан Груби во притвор и добил одговор

НЕ СМЕ МЕКОТЕЛИ ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА Ние сме жртви на глупоста на претходната влада, бараме

27/02/2026

Некој од претходната Влада, мекотел, водел таква политика и го донел, народски кажано, слонот во собата, и ние не можеме

МАКЕДОНИЈА И ХРВАТСКА ЌЕ ПОТПИШАТ ДОГОВОР ЗА СТРАТЕШКА СОРАБОТКА Нова фаза во односите меѓу Загреб

27/02/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска беше домаќин на министерот за надворешни и европски работи на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy