
БЛОК ТРАНСАКЦИЈА: Истргувани 800 акции на „Алкалоид“ за 234 илјади евра
Во четвртокот на Берзата се случила блок трансакција со акции на една од нашите најуспешни и најреномирани компании, скопски „Алкалоид“.
Според јавно достапните податоци од берзата, во еден наврат биле истргувани 800 акции на оваа фармацевтска компанија, по цена од 17.995 денари за акција, или за овие акции биле платени 14,396 милиони денари, односно нешто повеќе од 234 илјади евра.
На последното редовно тргување на Берзата во четвртокот, пак, беа продадени 18 акции на „Алкалоид“, а нивната просечна цена изнесуваше 17.884 денари.
Н.Н.Ф.
