![Блок 2 на РЕК Битола синхронизиран со македонскиот електроенергетски систем](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/05/rek-bitola-960x615-1-850x560.webp)
Блок 2 на РЕК Битола синхронизиран со македонскиот електроенергетски систем
Вечерва, во 20:53 часот Блок 2 на РЕК Битола е синхронизиран со македонскиот електроенергетски систем, сooпшти АД ЕСМ. -По целодневна, непрекината работа на вработените во ПE Термоелектрани на REK Битола, отстранети се последиците од испадот на блокот, предизвикани од силното невреме што вчера ја зафати Пелагонија и постројката е ставена во функција, стои во соопштението. […]