Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Блек Фрајдеј“ во „Гранит“! Кој директор си купи акции за 130.000 евра?
Економија

„Блек Фрајдеј“ во „Гранит“! Кој директор си купи акции за 130.000 евра?

07/04/2023

AA

Генералниот директор Милковски преку вложувањето на 130.000 евра во акции на фирмата што ја води прати сигнал до инвеститорската заедница дека „Гранит“ е здрава, силна компанија која е најсериозен кандидат за учество во најголемата градежна експанзија на оваа петолетка наречена „коридор 8“

Важна официјална вест ќе го стимулира тргувањето со акцијата на најголемата македонска градежна компанија „Гранит“. Нејзиниот генерален директор Зоран Милковски си докупи над 6.100 акции со право на глас во „Гранит“ – компанијата што ја води. Во „Гранит“ Милковски помладиот веќе наследи 8,8 отсто од акциите од неговиот татко Страшо кој дваесетина години успешно го водеше овој градежен гигант специјализиран за нискоградба.

Според пазарната цена на акцијата на „Гранит“ Зоран Милковски вложил барем 130.000 евра во тие 6.137 акции. Со нивниот докуп Зоран Милковски ќе поседува 9,1 отсто од сите акции со право на глас што е за 0,25 отсто повеќе од неговата сестра Ивана која исто така акциите што ги поседува ги наследи од својот татко.

Оваа информација би требало позитивно да влијае врз тргувањето со акцијата на „Гранит“. Од причина што може да се толкува како веројатност за добивање на дел од бизнисот со изградбата на коридорот 8 кој длабоко ја подели македонската јавност.

„Гранит“ според својата пазарна позиција, бекграунд , знаење и исуство во делот на нискоградбата е компанијата што се наметнува како најсериозен домашен, па и локален партнер на конзорциумот “Бектел и Енка“ кој од нашата држава без тендер доби договор за изградба на автопати кои вредат 1,3 милијарди долари.

Освен братот и сестрата Милковски во „Гранит“ голем акционер е и српска компанија за градба со назив „Бард Коп“ ДОО Белград која поседува над 5 отсто од акциите.

Во сопствен откуп „Гранит“ уште од порано стерилизираше 10 отсто од акциите кои се наменети за одбрана од обид за непријателско превземање на оваа голема градежна компанија. 

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy