Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БЛАГИТЕ ЗИМИ НОСАТ ПРОМЕНИ ВО НАВИКИТЕ: Тешко се продаваат дебели капути, јакни, но и длабоките чизми заостануваат
Економија

БЛАГИТЕ ЗИМИ НОСАТ ПРОМЕНИ ВО НАВИКИТЕ: Тешко се продаваат дебели капути, јакни, но и длабоките чизми заостануваат

01/11/2024

AA

Поради благите
зими, денес потешко се продаваат дебелите капути, јакни, длабоките чизми за разлика од порано. Од
продавниците за облека и обувки, велат дека навиките на купувачите се менуваат.  Ако порано се бараа дебели капути до коленици
и длабоки чизми или чизми со крзно, сега истите или поретко ги има или
заостануваат. Топлото време си го направи своето. Зимите поминуваат без снег
или со минимални снежни врнежи и со благи температури во однос на претходно.  Луѓето во согласност со временските услови,
носат потенка облека, и почесто се во чевли или патики. 

„Тешко се
продаваат, а има залихи од јакни. Се продаваа порано, ама сега многу тешко оди.
Две години веќе е така. Или топлото време е фактор или тоа што луѓето одат во
шопинг во поголеми молови“, вели Елица Николоска, сопственичка на бутик во
Битола.

И другите
дуќанџии велат дека временските услови многу се одразија на продажбата.

„Сега не се
продаваат ни јакни, многу ретко ги бараат, а капути купуваат кога ќе залади во
декември. За капутите бираат да се убави, модерни, елегантни, некој сака долг,
некој сака краток капут. Сега луѓето уште носат кошули, маици, а во декември
дури купуваат подебела облека. Порано беше многу подобро. Но, си има одраз и
онлајн продажбата, младите си нарачуваат на интернет што им треба, а
повозрасните што се несигурни околу онлајн купувањето, тие доаѓаат во бутици
или одат во Скопје или во Грција“, објаснуваат од бутик  од Струмица.

Слични се
искуствата и во бутиците за детска облека.

„Нормално дека се
сменија навиките. Во однос на детски блузи, подебелите многу тешко се трошеа,
последниве години. Фатираните блузи ми остануваа. Луѓето бираа потенки парчиња
облека. Она што беше дебела облека не се трошеше.  И јас лично имам дебели јакни, кои не ми се
носени, и чизми со крзно си купивме со ќерка ми, ама немаше прилика, немаше
студено време за да ги износиме. Патики носам додека не фати вистински студ.
Тоа е мое лично искуство“, вели скопјанка која поседувала бутик до скоро.

Друг човек,
сопственик на продавница за обувки објаснува дека најголем проблем е кога
народот нема пари или кога нема доволно потрошувачи, а сите други состојби и
промени се нормални и на нив се навикнуваат.

„Ако не бараат
чизми, ќе бараат чевли, патики. Сезонски нарушувања има, ама луѓето пак
купуваат обувки. Работите многу се сменија. Нема чизми како порано, се носеа чизми
до коленици, а чизми со крзно има, ама малку земаме, затоа што ретко кој ги
бара. Си бараат получизми или патики“, вели сопственик на прилепска продавница
за обувки.

Деновиве имаме
топло време кое потсетува на пролет, а постарите генерации се сеќаваат дека во
минатото во овој период од годината се случувало да  има и провејување на снег.  Климатските
промени се одразија на многу сегменти од живеењето. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Повредата на данскиот скијач не се случи на патека под

17/02/2026
Македонија

СИНДИКАТОТ БАРА НЕШТО ШТО СДСМ 7 ГОДИНИ НЕ МУ ГО

17/02/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова на средба со Никол Варнс: САД остануваат стратешки партнер

17/02/2026
Македонија

Страшна несреќа во скопско, се судрија две возила – едно

17/02/2026
Македонија

ГИ ПОЗНАВАМЕ СИТЕ КАНДИДАТИ ЗА ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ И НЕМАШЕ ПОТРЕБА

17/02/2026
Македонија

Внимавајте: Врне снег на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино

17/02/2026
Македонија

НАСЕР СЕЛМАНИ ВИНОВЕН ЗА КЛЕВЕТА И НАВРЕДА НА КАНАЛ 5

17/02/2026
Македонија

Панчевски со документ ја демантира одлуката на Советот на обвинители:

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41586
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Повредата на данскиот скијач не се случи на патека под наша надлежност“, велат од Ски

17/02/2026

На 16.02.2026 во 14:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на Попова Шапка, кај местото викано „Церипашина“, екипа од

СИНДИКАТОТ БАРА НЕШТО ШТО СДСМ 7 ГОДИНИ НЕ МУ ГО ИСПОЛНИЛ Оваа влада ги испочитува

17/02/2026

ССМ за една година од Владата бара исполнување на барањата кои во изминатите седум години, за време на владеењето на

Сиљановска-Давкова на средба со Никол Варнс: САД остануваат стратешки партнер во реформите и безбедноста

17/02/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД. Таа изрази подготвеност

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy