Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БЛАГ ПОРАСТ НА КОМПАНИИ КОИ ОДРЖУВААТ ЗГРАДИ – регулаторите очекуваат годинава да се доекипираат
Економија

БЛАГ ПОРАСТ НА КОМПАНИИ КОИ ОДРЖУВААТ ЗГРАДИ – регулаторите очекуваат годинава да се доекипираат

21/01/2025

AA

Една компанија
остана без лиценца за вршење дејност управување со станбени згради во текот на
минатата година, додека на три компании им е продолжена лиценцата.
Во текот на минатата
година исто така се издадени две нови лиценци за управители на станбени згради,
вратена е лиценцата на едно правно лице, додека на друго му истекол рокот на важноста
на лиценцата.

Ова се дел од
измените кои настанале минатата година и кои се истакнати во Годишниот извештај
на Регулаторната комисија за домување. Согласно
податоците во извештајот на комисијата, има 71 компанија која се занимава со
управување со станбени згради. Регулаторите посочуваат дека од 135 компании кои
биле регистрирани од 2010 година наваму, заклучно со 31 јануари 2024 година
активни останале 71 компанија.

– Во последните шест месеци има
незначително намалување на бројот на станбени згради кои се управувани од лиценцираните
управители и нивниот број сега изнесува 5.345
, договори за вршење на
управувачки услуги со вкупно 136.063 посебни делови односно станови и деловни
простории. Забележан е драстичен пораст и на бројот на посебни делови односно
станови и деловни простории, за разлика од прво полугодие во 2024 година кога
тој број изнесуваше 5.505, договори за вршење на управувачки услуги со вкупно 129.716 посебни
делови односно станови и деловни простории
. Ова значи дека има зголемување
на бројот на посебни делови односно станови и деловни простории кои се
управувани од страна на лиценцирани управители. Постои тенденција на намалување
на Заедници на сопственици
на посебни делови, а зголемување на бројот
на ангажирање на управители– нагласуваат регулаторите.

Во извештајот е
посочено дека комисијата има само три вработени лица, иако согласно правилник
за работа треба да има девет вработени.

– Во овој момент од вкупно
вработени 3 лица, 2 од вработените во Регулаторна комисија за домување имаат
статус на административен службеник, а едно лице е со статус помошно – техничко
лице 
– се истакнува во извештајот.

Укажуваат дека
имаат писмена согласност за Правилникот за
организациона поставеност на Регулаторна комисија за домување и Правилникот за
систематизација на работните места во Регулаторна комисија за домување од
страна наМинистерство за информатичко општество и администрација. Согласно
Правилникот за систематизација на работните места во Регулаторна комисија за
домување е предвидено да бидат вработено девет административни службеници и
едно помошно – техничко лице.

Во Буџетот на Македонија
за 2024 година за Регулаторната комисија за домување се одобрени финансискисредства во
висина од 12.172.000 денари.

– 
Од одобрените буџетски
средства, според нивната намена, се искористени 11.342.814 денари за
потребите на Регулаторната комисија за домување или 93,19 отсто. И тоа: Ставка 401
– основни плати: од вкупно 7.561.000денари реализирани се 6.810.09 6или 91,03 проценти. Ставка
402 – придонеси за социјално осигурување: од вкупно 2.797.000,00 денари,
реализирани се 2.646.979,00 денари или 97,06 отсто – се наведува во извештајот на комисијата.

Грубите пресметки
велат дека просечната плата на тројцата вработени и петте членови во комисијата
би се движела околу 1.300 евра месечно, без придонеси. Значи кога сумата од
7.561.000 денари или 122.944 евра ќе се поддели на 12 месеци, по осум лица
испаѓа дека секој поединечно добива по 1.280 евра.

Сепак, сосема очекувано е дека платите не се
изедначени, и дека согласно систематизацијата на работните позиции и
вработените и членовите на комисијата имаат различни примања, но слободно може
да се каже дека тие приливи се солидни.

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy