Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 BLACK ROCK ДАВА СОВЕТ КОЛКУ ПАРИ ДА СЕ ИНВЕСТИРААТ ВО БИТКОИН: Криптовалутата рамо до рамо сонајсилните – Nvidia, Amazon или Apple
Економија

BLACK ROCK ДАВА СОВЕТ КОЛКУ ПАРИ ДА СЕ ИНВЕСТИРААТ ВО БИТКОИН: Криптовалутата рамо до рамо сонајсилните – Nvidia, Amazon или Apple

14/12/2024

AA

Со зголемувањето на вредноста на Биткоинот над 100.000
долари, најголемата светска компанија за управување со средства, BlackRock со
седиште во Њујорк, навлегува подлабоко во просторот на криптовалутите. Во
новиот извештај од инвестицискиот институт BlackRock насловен „Одредување на
(соодветниот) удел на биткоинот во портфолиото“, аналитичарите тврдат дека оваа
криптовалута, долго време игнорирана од главните инвеститори, сега може да
зазема еден до два проценти од традиционалните портфолија во кои се инвестира
соодносот е 60 отсто акции и
40 отсто обврзници.

Ова би го сместило биткоинот во портфолија рамо до рамо со
големите корпорации како Nvidia, Amazon или Apple. Секако, за разлика од нив, не остварува
никаков приход од производи или услуги, што го прави имот од шпекулативен
карактер. Од вкупните 11,5 трилиони долари средства управувани од BlackRock,
повеќе од 5,2 трилиони долари се во акции.

Ако само 1 отсто
од акциите на BlackRock се распределат на биткоин, тоа би значело околу 50
милијарди долари дополнителна побарувачка за ова дигитално средство. Во текот
на изминатата година, Биткоин порасна за повеќе од 130 проценти, додека S&P 500 забележа раст
од 32 отсто.

Биткоинот има ниска
корелација со класичните пазари

Во извештајот, тим аналитичари предводен од главниот
инвестициски директор за ETF и индексни производи, Самара Коен, посочува дека
криптовалутата вредна околу два трилиони долари носи слично ниво на ризик како
и групата „Magnificent Seven“, најмногу вредни технолошки гиганти.

Просечната пазарна капитализација на тие компании е 2,5
трилиони долари. Тие заедно сочинуваат речиси 35 отсто од пазарната
капитализација од 46 трилиони долари на индексот S&P 500. „Тие акции се
пример за поединечни позиции кои силно влијаат на севкупниот ризик на
портфолиото. Иако по многу нешта се разликуваат од биткоинот, токму поради овие
карактеристики можат да послужат како почетна точка за проценка на ризикот од
индивидуална инвестиција“, пишува Форбс.

Извештајот исто така ја нагласува традиционално ниската
корелација на биткоинот со традиционалните пазари. Коен забележува: „Сите
менаџери на фондови кои го користат реперниот индекс на Magnificent Seven се
соочуваат со проблемот на ризик од концентрација и мора да одлучат како да
одговорат на него. Со оваа рамка, ние нудиме пристап кој, земајќи ја предвид
високата нестабилност на Биткоин, се обидува да го искористи максимумот од
неговиот потенцијал за диверзификација. И во исто време да се минимизира
неговиот вкупен придонес во ризикот на портфолиото“.

Иако за време на пандемијата, биткоинот беше во голема
корелација со другите класи на средства, особено со технолошките акции, од јуни
2023 година се појави сè појасна дивергенција. Извештајот сугерира дека овој
тренд може да продолжи. Поради глобалната фрагментација на финансискиот систем,
растот на геополитичките тензии и падот на довербата во банките, како и
зголемените буџетски дефицити.

Најголемиот светски
ЕТФ за биткоин

Според анализата на Коен и нејзиниот тим, распределбата од
еден до два проценти во портфолио 60/40 создава слично ниво на ризик како
поединечна акција од групата „Magnificent Seven“. Сепак, прекумерната
изложеност на ова средство – кое падна за дури 70 отсто за само една година – не би било
мудро.

Иако BlackRock препорачува максимум 2 отсто за инвеститорите кои сакаат
диверзифицирано портфолио со инвестирање во Bitcoin. Тој истакнува дека идниот
раст на цените може да стане поголем предизвик. „Карактеристиките на приносите
веројатно значително ќе се променат кога ќе дојдеме до точка каде што
распределбата на биткоинот на портфолиото се користи многу повеќе тактички,
слично на златото, за заштита и сигурност“,
објаснува Коен.

Растот на
интересот на инвеститорите и цената на биткоините веќе му помагаат на BlackRock. Во 2022
година, компанијата
соработуваше со платформата Coinbase за да им овозможи на институционалните
клиенти да купуваат биткоини. Денес, таа управува со најголемиот светски ЕТФ за
биткоин – iShares Bitcoin Trust (IBIT) – со имот од 50,8 милијарди долари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy