Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит
Економија

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

22/11/2024

AA

Бизнисот ги чека 250-те милиони евра од унгарскиот кредит за да ги финансира своите инвестиции. Во моментов, како што дознава „Фактор“, од меѓународните кредитори може на фирмите да им се понудат како слободни само 15 милиони евра со ниска камата и тоа од Европската инвестициска банка.

Државната Развојна банка, како посредник во нудењето на меѓународните кредити за стопанството, во одговор за „Фактор“ вели дека од последната кредитна линија од 100 милиони ерва од Европската инвестициска банка, веќе пласирани се 85 милиони евра. И овие пари, како што е и замислата со унгарскиот кредит, се пласираат преку домашните деловни банки.

– Средствата од  сите седум кредитни линии од  Европската инвестициона банка,  Развојната банка ги пласира преку деловните банки учеснички. Од последната кредитна линија ЕИБ 7 во износ од 100 милиони евра, останати се уште 15 милиони евра, за кои банките се во фаза на обезбедување проекти од домашните компании, гласи одговорот кој го добивме од Развојната банка на РСМ.

Во моментов не постојат официјални информации колку пари издвојува државата од буџетот за субвенционирање на каматите од овие кредити. Од Развојна банка додаваат дека тие како институција се само посредници, додека субвенционирањето на камататa е работа на Министерството за финансии.

Од последниот годишен извештај за 2023 на Развојна банка, може да се види дека во домашните деловни банки во текот на минатата година се администрирале околу 270 милиони евра како кредити од меѓународните банки за поддршка на локалниот бизнис во Македонија. Овие средства за една година се зголемиле за плус 40 милиони евра.

Инаку последната вест од викендот е дека во однос на каматата за унгарскиот кредит, наменет за стопанството, сè уште не е постигнат договорот, а во однос на рочноста ќе се даде можност, во зависност од барањето на клиентите, да се користи одложен период за отплата до три години и вкупен период на отплата до 15 години.

Македонската влада го доби овој кредит од Унгарската експорт-импорт банка со камата од 3,25 проценти, грејс-период од 3 години и рок на отплата 15 години. Кредитот ќе се отплаќа на 24 полугодишни рати. Преку банките, Владата инсистираше да се пласира кредитот со иста камата како што е добиен унгарскиот заем – 3,25 проценти. Владата најави субвенционирање на каматата, но побара од банките и тие да учествуваат во субвенционирањето. Министерството за финансии секоја од банките посебно ќе ја седне на маса за да ги испегла разликите и да ги дефинира критериумите под кои стопанството ќе ги добие парите од унгарскиот кредит. Премиерот Христијан Мицкоски последно што изјави е дека очекува до почетокот на следната недела со банкарите да ја дефинираат конечната позиција за каматната стапка што ќе ја плаќа стопанството за да ги користи парите од купчето 250-те милиони евра.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СДСМ ТОЧНО ЗНАЕЛ КОЈ Е МАЦУРА, СЕ ПОКАЖА НЕГОВОТО ЛИЦЕМЕРИЕ

11/11/2026
Македонија

ПАРИТЕ НА КЛИЕНТИТЕ НА АЛТА БАНКА ИМ СЕ НА СМЕТКИТЕ

11/11/2026
Македонија

АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ НЕМАЛА СОЗНАНИЈА ЗА АЛТА БАНКА ЗА КОИ

11/11/2026
Македонија

АЛТА БАНКА БЕШЕ СОЛВЕНТНА ПРЕД ВОВЕДУВАЊЕТО АДМИНИСТРАЦИЈА, СО ДОБРО КРЕДИТНО

11/11/2026
Македонија

ВЛЕН БАРА ИСТРАГА ЗА ТРАНСАКЦИИ ВО АЛТА БАНКА НА ФИРМА

11/11/2026
Македонија

ШТО МОЖЕ И ШТО СМЕЕ ДА СТОРИ ПРЕМИЕРОТ ВО СЛУЧАЈОТ

11/11/2026
Македонија

ВО ПОПРАВЕН ДОМ СЕ УПАТЕНИ ЧЕТИРИ МАЛОЛЕТНИЧКИ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

11/11/2026
Македонија

НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА Избрани се

11/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46733
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СДСМ ТОЧНО ЗНАЕЛ КОЈ Е МАЦУРА, СЕ ПОКАЖА НЕГОВОТО ЛИЦЕМЕРИЕ Владата на Ковачевски во 2023

11/11/2026

Oпозицијата точно знаела кој е Давор Мацура, документите потврдуваат дека Владата предводена од СДСМ во 2023 година носела одлука за

ПАРИТЕ НА КЛИЕНТИТЕ НА АЛТА БАНКА ИМ СЕ НА СМЕТКИТЕ Идните плати, пензии и социјални

11/11/2026

Воведувањето администрација за Алта банка АД Битола не треба да се поистоветува со стечај или со престанок на работа на

АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ НЕМАЛА СОЗНАНИЈА ЗА АЛТА БАНКА ЗА КОИ БИЛО ПОТРЕБНО ДА СЕ ИЗВЕСТУВА

11/11/2026

Агенцијата за разузнавање во периодот на влез на Алта банка во државата не располагала со разузнавачки сознанија што би укажувале

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy